[email protected] | 075 517 834 | Скопје, Центар - Македонија
Склопување компјутери по нарачка
Склопуваме десктоп компјутери според вашите потреби и буџет. Без разлика дали ви треба компјутер за работа, гејминг, мултимедија или секојдневна употреба, помагаме при изборот на компоненти, проверуваме компатибилност и го подготвуваме системот за работа.
Што добивате
- Предлог на конфигурација според намената и буџетот
- Проверка на компатибилност на компонентите
- Склопување и правилно организирање на каблите
- BIOS / firmware проверка и основно подесување
- Тестирање на меморија, процесор, графичка и дискови
- Проверка на температури и стабилност
- Инсталација на оперативен систем и драјвери по барање
Каков компјутер ви е потребен?
Домашен и канцелариски компјутер
За интернет, Office, деловни програми, видео и секојдневна работа.
Gaming компјутер
Конфигурација според игрите, резолуцијата и очекуваните перформанси.
Работна станица
За видео обработка, дизајн, виртуелизација, development и други посериозни задачи.
Надградба на постоечки компјутер
Не мора секогаш да се купува целосно нов систем. Можеме да процениме кои компоненти има смисла да се задржат и што треба да се замени.
Како оди нарачката
- Ни кажувате за што ќе го користите компјутерот и колкав е буџетот.
- Подготвуваме предлог конфигурација.
- Ги потврдуваме компонентите и цената.
- Компјутерот се склопува, подесува и тестира.
- Го добивате подготвен за употреба.
Може да користиме компоненти што веќе ги имате, нови компоненти по ваш избор или комбинација од двете.



